Според симулациите: Македонија во квалификациите за ЕП 2024 во група со Португалија, БиХ, Ерменија…!?

417

Како што се наближува 9 октомври кога во Франкфурт ќе се одржи ждрепката за квалификациите за ЕВРО 2024 години, така полека и расте интересот за тоа кој со кого би се паднал. Се прават анаолизи, симулации, а една позната интернет страница We Global Football, ги објави затоа со кои репрезентации Македонија има најголеми шанси да се падне.

Според нив, Македонија би се паднала во група заедно со Португалија, БиХ, Ерменија и Малта. Имено со овие репрезентации во проценти сме имале најголеми шанси да се паднеме. Што и не е така лоша група за нас.

Сепак останува да видиме дали симулациите ќе се погодат или не.

ПретходноШабан Сулиман во стручниот штаб на Лирија Призрен
СледноСелекторот Мерко одбра за турнирот во Грузија