Целје за момент се закани, но Барса на крајот славеше убедливо

67

Со само мали турбуленции во вториот дел, Барселона на крајот убедливо го порази Целје со 38:30 во меч од 3. коло во Лигата на шампионите. Вечерва на домашен терен Каталонците ја запишаа третата победа во серија и ја задржаа првата позиција во групата „Б“.

Целје кој во минатото коло приреди сензација со победата над Кил, вечерва во второто полувреме дури и успеа да дојде до предност на гостувањето кај Барса (24:25), но Каталонците брзо се созедоа и го вратија мечот во своја полза.

Одлично издание имаше Дика Мем кој средбата ја заврши со 10 гола кај домашните, додека кај Целје, Влах постигна 7 гола.

Во вториот вечерен дуел Нант без проблеми славеше над Елверум со 41:30. Ова беше втора победа за Французите и тоа во низа, откако во минатото коло беа подобри и од Пик Сегед.

Мине запиша 7 гола за Нант, додека кај гостите 8 имаше Авард.

Претходно16-годишни фудбалери на Полска пијани на репрезентативен тренинг камп
СледноМанчестер Ј. без Марсијал и Рашфорд на градското дерби со Сити