Ѓоковиќ по 81 ден пауза се врати и победи за четвртфинале во Тел Авив

107

Без поголеми проблеми, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Тел Авив.

Седмиот тенисер на светот по 16 години повторно заигра во Израел, а во второто коло едноставно го прегази Шпанецот Пабло Андухар со 6:0, 6:3 за 86 минути игра.

Тоа беше првиот натпревар на Новак на турнир, точно 81 ден по финалето на Вимблдон кога го победи Ник Кирјиос. Против Андухар покажа дека е расположен за игра и сака победи. Инаку, ова беше нивна прва средба по десет и пол години и Новак стигна до третата победа во исто толку натпревари против Андухар.

Во четвртфиналето Новак го очекува дуел со Канаѓанецот Васек Поспишил.

ПретходноДвајца фанови на Ливерпул кои го преживеале Хилсборо се самоубиле по сцените од финалето во ЛШ во Париз!
СледноПелистер поразен во финалето на турнирот во Ботевград