16-годишни фудбалери на Полска пијани на репрезентативен тренинг камп

547

Скандал со 16-годишнет фудбалер на полската репрезентација до 17 години го тресе полскиот фудбал. Имено, младинец на клубот Заглебје Лубин на последниот тренинг камп на полската репрезентација до 17 години во т.н. Куп Сиренки бил во алкохолизирана состојба, а во собата во која бил со својот „цимер“ биле пронајдени многу празни шишиња со алкохол.

Станува збор за 16-годишниот Михал Матис, како и неговиот врсник Миколај Тудруј, кој не бил пијан, но сепак, конзумирал алкохол.

„Двајцата играчи беа отстранети од тренинг кампот. За ситуацијата се информирани и клубовите на двајцата играчи“, соопштиле од Федерацијата.

Заглебје Лубин веднаш реагираше и соопшти дека 16-годишниот Матис е привремено отстранет од тренинзите со првиот тим и во блиска иднина ќе тренира со младинците. Дополнително, му била изречена и парична казна, а одлучено е да мора да посетува и психолог.

ПретходноИма што да си кажат: Пикси и Дејо на ручек во Будва!
СледноЦелје за момент се закани, но Барса на крајот славеше убедливо