Убави, радосни вести од Загреб. Имено семејството на “Лавот“ Адеми се зголеми за уште еден член. Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб и еден од нашите најдобри репрезентативци доби син, тоа е втор син за Аријан. Се разбира дека гордиот татко е среќен до небо, а меѓу првите му честиташе и неговиот клуб Динамо Загреб.
Секако дека и „Спортмедиа“ му честита на Аријан и му посакува многу вакви убави моменти во неговиот живот.