И дефинитивно стартот на сезоната за Јувентус е очаен. Толку екстрa фудбалери во тимот, а составот на стратегот Масимилијано Алегри игра катастрофално, резултатите се бетер.
Мало смирување на страстите дојде поради репрезентативната пауза, но денеска, барем според меиумите во Италија, Алегри добил ултиматум од стран на првите луѓе на клубот. Неговото останување на клупата на Јуве ќе зависи од тоа што ќе направи на следните пет мечеви.
Имено тиј мора да ги добие двата меча со Макаби во ЛШ, а во наредните три во Серија А, против Болоња, Милано и Торино, мора да освои најмалку седум бодови.
Ако ова не го направи тогаш јасно е дека ќе добие отказ.