Дамјан: Важно ни беше да го освоиме Суперкупот!

181

МЗТ Скопје на стартот на сезоната го освои првиот пехар, го совлада ТФТ во Суперкупот и по петти пат во својата историја излезе како победник во ова натпреварување.

За капитенот Дамјан Стојановски и неговите соиграчи победата е важна особено што МЗТ Скопје го чекаат вистински предизвици, а тоа е настапот во АБА-лигата. Сезоната ја отвара во сабота против Црвена Звезда на гости.

„Ова ни беше како вовед во сезоната која очекуваме да биде исклучително тешка. Важно ни беше да го освоиме Суперкупот, особено против екипа како ТФТ со која секогаш натпреварите се тешки. Мислам дека ќе одговориме на сите предизвици, и во АБА лигата. Собрани сме од август, ќе одиме од натпревар на натпревар и се надеваме на успешна сезона“, изјави капитенот на МЗТ Скопје. 

ПретходноСуарез не може да поверува што му направија неговите Уругвајци! (ВИДЕО)
СледноПознат психолог тврди: Роналдо има проблеми во животот, разговаравме два часа!