Нацева, амбасадорот на ЕП: Сакам достоинствено да ја претставам својата држава, да бидеме модели и примери за младите генерации!

60

Амбасадор на Македонија на ЕУРО 2022 година ќе биде поранешната репрезентативка Гордана Нацева. Таа посакува токму ова големо натпреварување да биде вистински мотив и за младите спортски и ракометарки, во што поголем број да бидат активни.

„Благодарност за довербата што ми ја дадовте да бидам амбасадор на ЕП, ова е голема чест задоволство и одговорност да бидам дел од организацијата, да бидам ударна личност, да оставам белег и да го промовираме што подобро првенство. Ова е голем предизвик, ист какако кога бев дел од репрезентацијата на Македонија. Сакам достоинствено да ја претставам својата држава, да бидеме модели и примери за младите генерации.

Спортот е борба за резултат, но значи и претставување на културата, на нашите убави работи со кои можеме да се претставиме и да се гордееме. Да ја претставиме државата во најдобро светло. Да допреме до секое девојче кое сака да се бави со спорт, треба да ја подигнеме свеста на сите млади да тренираат. Да се потрудиме сите овој момент да го иксористиме за промовирање на тааа идеја“, изјави Гордана Нацева. 

ПретходноПетровиќ: На мака се познаваат јунаците, АБА лигата е силна, а ние ќе се бориме на секој меч за нова победа
СледноРистовска: Се надеваме дека ќе бидеме наследници на генерацијата на Нацева и ќе направиме успех!