Поради Барселона, Ал Келаифи е подготвен да направи супер тим од друг европски клуб!

375

И покрај целиот финансиски хаос Барселона успеа да потпише бројни засилувања во своите редови, на многумина им е нејасно како успеа да го постигне сето ова, што пак најмногу му засмета на сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

Во интервју за Политико, тој ја оспорува законитоста на економските мерки што ги спроведува Лапорта, претседателот на Барселона, и повикува на акција од УЕФА.

“Дали она што го направи Барселона е правилно? Не, не е во ред. Дали е легално? Не сум сигурен. Ако се дозволат такви акции, и другите ќе го сторат истото. Се разбира, УЕФА има свои финансиски правила. Сигурен сум дека тие ќе разгледа сè“, рече тој. 

Спорот меѓу двата тима има добри шанси да премине на второто ниво. Попрецизно, Барса Универзал, повикувајќи се на „Foot En Espagne“, најави дека шеиците на ПСЖ планираат да го купат клубот Еспањол и да го претворат тимот во многу посилен отколку што е сега.

Со оваа постапка челниците на ПСЖ сакаат да го доведат Еспањол во центарот на вниманието во Каталонија, а Барселона да ја остават во сенка. Значи, останува да видиме што ќе се случи во блиска иднина и дали навистина намерите на шеикот се во таа насока.

ПретходноОдлична вест за навивачите на Реал – се враќа најдобриот стрелец!
СледноМукаетов: Ја повикувам македонската јавност да дојде во голем број, да ги бодриме репрезентативките и воедно да уживме во врвен ракомет!