И Мегваер ќе го пропушти дербито на Манчестер

81

Централниот бек на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер нема да биде во тимот на Ерик тен Хаг за претстојниот дерби меч против Манчестер Сити. Причината за тоа е повредата која е констатирана кај англискиот репрезентативец, а ја доби за време на натпреварот со Германија на „Вембли“ во Лигата на нациите.
И Ентони Марсијал и Маркус Рашфорд најверојатно ќе го го пропуштат големото градско дерби меѓу Манчестер Ј. и Манчестер Сити кое се игра на 2 октомври.
Според „Тајмс“ и двајцата напаѓачи оваа недела биле надвор од групата на Манчестер Јунајтед поради повреди. Во таа насока, под знак прашалник е нивното учество во натпреварот од 9. коло од Премиер лигата против Манчестер Сити.
Марсијал ги пропушти последните пет натпревари на Манчестер Јунајтед поради повредата на Ахиловата повреда. Рашфорд заработи повреда на мускулот на натпреварот против Арсенал на кој постигна гол.

ПретходноСкопје во центарот на ракометниот „крем“: Обезбедете си билети за Европското првенство!
СледноРекорден број на трки во Мото ГП шампионатот наредната година