Првиот човек на ФФМ имаше средба со Џани Инфантино

215

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини имаше средба со првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино, кој во претходните денови беше на посета на неколку балкански федерации.

Сејдини по средбата со претседателот на ФИФА соопшти дека ФФМ ја има големата поддршка на ФИФА.

„Со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, чија поддршка е секогаш добредојдена за федерации како ФФМ. Одличните односи и соработка ќе продолжиме да ги негуваме и во иднина, а во преден план ни е унапредувањето на фудбалот и инфраструктурата. Инфантино ни вети дека поддршката од ФИФА во овој дел нема да изостане и наскоро очекуваме иновации во овој правец“, напиша Сејдини на социјалните мрежи.

ПретходноДоналдсон од ТФТ се сели во Пелистер
СледноГаздата на Челзи купува клуб во Португалија