Алегри и Мурињо се најплатени тренери во Серија А

185

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри и стратегот на Рома, Жозе Мурињо ги добиваат најголемите плати меѓу тренерите во италијанската Серија А, пишува весникот „Кориере дела Сера“.

Изданието ги објави нето платите на тренерите во Калчо лигата, а овие бројки во повеќето случаи се удвојуваат со цел да се разбере колку навистина стратезите вредат за нивните клубови.

Алегри и „Специјалниот“ заработуваат по 7 милиони евра нето годишно, а зад нив е тренерот на Интер, Симоне Инзаги, кој секоја сезона зема по 5,5 милиони евра.

Актуелниот шампион, тренерот на Милан, Стефано Пиоли заработува 4 милиони евра годишно, а Лучијано Спалети од Наполи 3,2 милиони евра.

Интересно, тренерот на најпријатното изненадување во Серија А, Андреа Сотил од Удинезе, заработува само 300.000 евра годишно.

ПретходноГаздата на Челзи купува клуб во Португалија
СледноФантастични 18 милиони денари кај играчите на ВИДЕОЛОТАРИЈА за една недела!