Трансферот на 34-годишниот Роберт Левандовски на „Камп Ноу“ предизвика голема еуфорија кај шпанските навивачи, а згора на тоа и формирањето на комплетно новиот тим предводен од Чави повторно ја разгори еуфоријата меѓу навивачите.
Како што пренесува каталонскиот дневен весник „Спорт“, натпреварите на Барселона на трибините на „Камп Ноу“ во просек ги следат 83.348 навивачи. Овој резултат го става тимот на Чави на врвот на табелата за посетеност во Европа оваа сезона. Згора на тоа, тој е единствениот клуб од Пиринејскиот Полуостров кој успеал да влезе во првите десет на листата на најгледани домашни тимови.
На второто место е Борусија Дортмунд. „Милионерите“ во просек го следат 80.000 навивачи на „Сигнал Идуна Парк“. На оваа листа на третото место се најдена уште еден германски тим, Баерн Минхен. „Алијанц Арена“ има во просек по 75.000 фанови.
Следни се Манчестер Јунајтед, Милан и Интер, каде на нивните домашни мечеви во просек има по околу 70.000 навивачи. Топ 10 листата ја затвораат Тотенхем, Олимпик Марсеј, Шалке 04 и Вест Хем со нешто помалку од 63.000 навивачи.