Барселона им должи 52 милиони евро на Сити и речиси 80 милиони на Ајакс и Јувентус

275

Барселона сè уште му должи на Манчестер Сити уште 52 милиони евра за Феран Торес, кој беше доведен во зимскиот преоден рок за 55 милиони евра плус бонуси. Тоа значи дека „блауграните“ во моментот на трансферот платиле само 3 милиони евра за правата на играчот. Дополнително, Барселона за овој трансфер и должи дополнителни два милиони евра на Валенсија, првиот клуб на шпанскиот интернационалец.
Овие бројки ги објави „Радио Каталуња“, кои се поврзани со финансиски извештај на клубот вклопен во повеќе од сто страници, а кој ќе го коментираат каталонските газди следната недела.

Сепак, ова не се единствените неплатени долгови на клубот од „Камп Ноу“ во однос на минатите трансфери. Барса треба да плати 36 милиони евра на Јувентус за Миралем Пјаниќ, како и над 40 милиони на Ајакс, од кои 32 милиони се за Френки де Јонг и 10 милиони за Сержињо Дест. 14 милиони евра се обврските кон Ливерпул за трансферот на Филипе Кутињо, кој беше регрутиран во јануари 2019 година и моментално е фудбалер на Астон Вила.

Извештајот покажува дека платите во Барселона исто така се удвоени во однос на претходната сезона кога изнесуваа 138 милиони евра. Буџетот за плата во моментов е 656 милиони евра и е втор по големина во историјата на клубот (т.е. – во сезоната 2018/19 платите на Камп Ноу беа 671 милион евра).

ПретходноЃоковиќ го елиминира Поспишил и „лета“ кон трофејот во Тел Авив
СледноЕкс-играч на Интер и аргентински репрезентативец стана кошаркар (видео)