Газдата на Челзи купува клуб во Португалија

123

Американецот Тод Боли оваа година стана сопственик на лондонски Челзи, купувајќи го клубот од Роман Абрамович. Заедно со неговите партнери, тој е и косопственик на бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс и Лос Анџелес Спаркс од кошаркарската лига ВНБА. Според пишувањата на медиумите, бизнисменот е заинтересиран за купување на уште еден фудбалски клуб.

Боли веќе го ангажирал португалскиот фудбали агент Жорге Мендеш како консултант на Челзи, а му дал и прва конкретна задача да најде соодветен тим за купување во неговата земја. Португалецот ја исполни својата задача и му овозможил на Боли први разговори за купување на клубот Портимоненсе. Тимот моментално е четврти во лигата и се уште не успеал да го освои националното првенство во повеќе од еден век историја.

Претседателот на Челзи рече дека сака да купи повеќе клубови за да им даде шанса на младите играчи.

ПретходноПрвиот човек на ФФМ имаше средба со Џани Инфантино
СледноАлегри и Мурињо се најплатени тренери во Серија А