Германија одлучи да не учествува во квалификациите за ЕП 2024, кои требаше да и послужат како подготвителни дуели додека ги чека останатите учесници на континенталното првенство. Германците како организатори на ЕП 2024 директно имаат обезбедено пласман на првенството, но не сакаа да ја прифата поканата на УЕФА и по примерот на Франција во 2016 година да станат дел од некоја од квалификациските групи и редовно да ги играат натпреварите, но да бидат без пласман во групите.
„Како домаќини на настанот веќе сме квалификувани и тоа ни дава најголема можна флексибилност во моментот кога ќе го дизајнираме календарот за меѓународните натпревари следната година. Можеме на пооптимален начин да се подготвиме за европското со силни противници за пријателски“, потенцира Оливeр Бироф по одлуката која ја донесоа челниците на германската федерација.