Доналдсон од ТФТ се сели во Пелистер

102

Откако вчера го освоија второто место на турнирот во Ботевград, кошаркарите на Пелистер добија ново засилување во пресрет на новата сезона. Станува збор за големо засилување од редовите на скопски ТФТ во името на Донован Доналдсон.

Доналдсон и ТФТ ја завршуваат соработката, а битолчени се подготвени да ја искористат оваа ситуација и да го ангажираат Американецот во своите редови.

Поранешниот кошаркар на Гостивар настапи за ТФТ на дуелот од Кошаркарската Лига на шампионите против Кемниц, како и во Суперкупот против МЗТ Скопје.

ПретходноПрвиот човек на ПСЖ сака од големите европски натпревари да направи фестивал
СледноПрвиот човек на ФФМ имаше средба со Џани Инфантино