Фудбалерите во најсилните клубови во светот полека повторно се собираат пред да продолжи сезоната, по паузата поради обврските на репрезентациите. Слично е и во Ливерпул, каде тимот се подготвува за продолжението на Премиер-лигата.
И покрај слабиот старт на сезоната, се чини дека атмосферата во тимот е одлична.
Главна причина за тоа е Јирген Клоп, харизматичниот германски стручњак кој реши да го „пецне“ Константинос Цимикас, грчкиот дефанзивец, причината е неговата нова фризура.
Цимикас на тренингот на Ливерпул се појави со нов имиџ. Гркот сега носи репче, како некогаш Дејвид Бекам и Герет Бејл. Клоп не пропушти шанса, па го праша:
„Колку пари сакаш да ти го скратам репчето? Отпрвин мислев дека Дарвин Нуњез се намалил“, се пошегува Клоп.
😂| Klopp on Tsimikas’ man bun: ‘How much money do you want to cut it off? At first I thought Darwin had shrunk!’ pic.twitter.com/6RdZB1dzzb
— The Kopite (@_TheKopite) September 29, 2022