Колекционер: Жоел Ембид по францускиот, сега доби и американски пасош

111

Кошаркарот на Филаделфија, Жоел Ембид продолжи да ја зголемува својата „колекција“ од пасоши од различни земји. Камерунецот пред неколку месеци доби документи од Франција и најави дека ќе игра за таа земја на Олимписките игри во Париз во 2024 година, а денеска веќе стана јасно дека станал и државјанин на Соединетите Американски Држави.

Како што и самиот истакна, неговиот мал син одиграл клучна улога во тој процес.

„Мојот син е Американец, а јас почувствував дека живеам овде и се чувствувам благословен поради тоа. Си реков – зошто да не?“, изјави Ембид.

Ембид е во НБА од 2014 година.

ПретходноЛазаров го објави поширокиот список за квалификациите за ЕП
СледноЈовановиќ со респект: МЗТ Скопје е тим кој мора да го сфатиме сериозно!