Првиот човек на ПСЖ сака од големите европски натпревари да направи фестивал

86

Претседателот  на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, вели дека фудбалот мора да претрпи промени и да стане комерцијално попривлечен. Првиот човек на Асоцијацијата на европски клубови, вели дека големите европски натпревари треба да станат „повеќедневна забава на која луѓето би сакале да присуствуваат“.

„Нашиот спорт е најдобар, најголем и најпопуларен во светот и треба да размислуваме надвор од рамката. Фудбалот со големите европски натпревари треба да го претвориме во повеќедневна забава на која луѓето би сакале да присуствуваат. Со концерти и говорници како дел од проширувањето на забавната програма“, смета Катарецот.

Според првиот човек на ПСЖ, градовите треба да плаќаат за вакви настани, а фудбалот да биде шоу налик на Формула 1.

„Но, мораме да внимаваме и што менуваме во фудбалот бидејќи мораме да ги почитуваме нашите навивачи“, дополнил Ал-Келаифи.

ПретходноСе продава и Евертон: Пола англиски премиерлигаши ќе имаат американски газди
СледноДоналдсон од ТФТ се сели во Пелистер