Македонската ракометна женска репрезентација после десет години пауза одново ќе биде дел од европскиот „крем“ благодарение на раководството на РФМ кое го прифати предизвикот да биде организатор на ЕУРО 2022 заедно со Словенија и Црна Гора.
Во Скопје ќе дојдат силни европски селекции, па сите гурмани ќе можат да ужуваат во врвен ракомет. Македонија во групната фаза ќе игра против Франција, Холандија и Романија, а потоа доаѓаат исто силни репрезентации како дел од главната рунда.
Сите оние кои го сакаат ракометот и ги поддржуваат нашите девојки веќе ќе можат да обезбедат билети.
Картите за натпреварите во Скопје се достапни на: https://bit.ly/tickets-ehfeuro22