Јовановиќ со респект: МЗТ Скопје е тим кој мора да го сфатиме сериозно!

219

Македонскиот првак се врати во АБА-лига, на стартот на сезоната ќе и гостува на Црвена Звезда, дуелот се игра утре со почеток во 20 часот. Српскиот тим кој е бранител на титулата е фаворит на оваа средба.

Двата тима ќе го одиграат 13-от меѓусебен натпревар, досегашниот скор е 11-1 за „црвено-белите“.

„Сезоната ја почнуваме против екипата на МЗТ која меѓу двете сезони го засили својот ростер во кој има многу искусни играчи, затоа овој тим кој го сфаќаме многу сериозно. Сепак, знаеме што правиме, амбициите ни се познати, играме на домашен терен. Сакаме да го наметнеме нашиот ритам од самиот старт и да одиграме добар натпревар пред нашите навивачи кои ги повикувам да дојдат во салата и да им дадат поддршка на момците на стартот на сезоната“, изјави тренерот на Црвена Звезда, Владимир Јовановиќ.

Капитенот Бранко Лазиќ посакува да одиграат одличен натпревар, а на примиерата на новата сезона да дојдат до победа.

„Во подготвителниот период одигравме неколку натпревари со прва и главна цел што подобро да се разбереме и да се подготвиме за стартот на сезоната. Нашите цели во АБА лигата се познати, но навистина мораме да одиме натпревар по натпревар бидејќи имаме исклучително напорна сезона со голем број на натпревари. Сакаме да одиграме добар натпревар против искусен тим, да се вратиме во лигата, да се претставиме пред нашите навивачи на премиерата и да забележиме победа“, изјави Лазиќ.

ПретходноКолекционер: Жоел Ембид по францускиот, сега доби и американски пасош
СледноВо недела стартува 18-то издание на Виз Ер Скопски маратон, стартот и целта на добро позната локација