Екс-играч на Интер и аргентински репрезентативец стана кошаркар (видео)

203

Од фудбал се префрли на друг спорт… и тоа на 40 години! Поранешниот напаѓач на Интер, Бока Јуниорс и на фудбалската репрезентација на Аргентина, Родриго Паласио по фудбалот почна нова кариера – како кошаркар.
Тој неодамна ја заврши кариерата, а последен клуб му беше Бреша. Потпиша договор со локалниот кошаркарски клуб Полиспортива Гарњано и го носи дресот со број 4. Се работи за клуб кој се натпреварува во четвртата аргентинска дивизија.
Паласио одамна е фан на кошарката, а сега му се исполни желбата да се проба и како играч. Тој дебитираше на пред-сезонски турнир на кој реализира четири поени на еден од натпреварите.

ПретходноБарселона им должи 52 милиони евро на Сити и речиси 80 милиони на Ајакс и Јувентус
СледноЛевандовски на Барсeлона и го препорачал централниот бек на Специја