Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров објави список од 35 имиња за квалификациските дуели против Луксембург и Турција за место на ЕУРО 2024.
Македонија овој циклус го отвара на 12 ја пречекува селекцијата на Луксембург, додека четири дена подоцна и готува на Турција во Ван. Во нашата група се наоѓа и Португалија, а според системот за натпреварување на континенталното натпреварување место ќе обезбедат првите три селекции.
Ова се први квалификации во кои во составот нема да бидат Лазаров, Стоилов и Миркуловски…Популарниот Жути се врати да помогне за СП, додека првите двајца по завршување на претходниот циклус одлучија да стават крај на репрезентативните кариери.