Ракометарите на Прилеп ја остварија првата годинешна победа во Суперлигата откако денеск аво воведниот меч од 4. коло на домашен терен славеа против вардар Неготино со 22:18.
Прилепчани ги држеа конците во свои раце во текот на целиот меч и не дозволија гостите да се приближат и да добијат шанса за успех. Во еден период од мечот Прилеп имаше предност и од високи 9 гола разлика.