Според новото издание на „Мирор“, тимот на Челзи со полна пареа влегува во потрагата по нов спортски директор. По смената на сопственичката структура, менаџментот на клубот, секако дека прашањето околу спортскиот директор е следното кое мора да биде решено. Клубот планира да направи серија на интервјуа со кандидатите и да го одбере најдоброто решение.
Клубот од Лондоно се обиде да ги ангажира Кристоф Фројнд од Ред Бул Салцбург и Луис Кампос од ПСЖ, но беа одбиени, па потрагата продолжува. Па така, потрагата сега се насочува кон директорот на Севиља, Мончи, кој последните години е доста почитувано име во европскиот фудбал. Други опции се Руи Педро од Бенфика, Виктор Хорта од Лидс и поранешниот скаут на Лестер и Селтик, Ли Конгертон.