Кошаркарите на Соединетите Американски Држави овојпат стигнаа до нова титула светски шампион на Мундобаскетот што се одржува во Австралија. Во финалниот меч тие ја совладаа Кина со резултат 61:83.
Кинеските кошаркарки одлично го отворија мечот и поведоа со 6:4, беше изедначено во поголемиот дел од првото полувреме. Американките сепак пред крајот отидоа на +10 и на пауза заминаа со резултат 33:43. .
Во второто полувреме урагански настап на Американките беше пресилно темпот за Кина, во секој сегмент од играта и докажаа зошто се тим од друга планета, како што многумина сакаат да кажат, односно тим кој е светски за себе.
Во средината на последниот период резултатот гласеше 47:78 за САД и првпат во игра дојдоа до +30. До крајот на натпреварот беше само рутина.
Вилсон со 19 поени и пет скока го предводеше САД, Плам постигна 17 поени, Лојд 11, Греј мечот го заврши со десет поени.
𝗕𝗜𝗚 𝗚𝗔𝗠𝗘 𝗣𝗟𝗔𝗬𝗘𝗥
Finals MVP is a lifestyle for Chelsea Gray 🌟#FIBAWWC x @TCL_Global pic.twitter.com/iRRe7LXWUu
— FIBA Women’s Basketball World Cup (@FIBAWWC) October 1, 2022
Претходно бронзениот медал го освои домашната селекција на Австралија совладувајќи ја Канада со 95:65.
⭐️ @Google 𝐀𝐋𝐋-𝐒𝐓𝐀𝐑 𝐅𝐈𝐕𝐄 ⭐️
🇨🇦 Bridget Carleton
🇦🇺 Steph Talbot
🇺🇸 Breanna Stewart
🇨🇳 Han Xu
🇺🇸 A’ja Wilson #FIBAWWC pic.twitter.com/xCUWDxCu3F— FIBA Women’s Basketball World Cup (@FIBAWWC) October 1, 2022