Атлетико Мадрид пет натпревари во низа немаше победа над Севиља на „Рамон Санчез Писхуан“, но вечерва ја урнаа непријатната серија и победија. „Јорганџиите“ славеа со 2:0, а головите ги постигнаа Љоренте во 29 минута и Алваро Мората во 57 минута.
Атлетико стигна до четвртата победа сезонава, а Севиља во впиша четвртиот пораз и е во долниот дел на табелата.
Идното коло Атлетико ќе игра со Џирона, додека Севиља ќе игра дома против Атлетик Билбао.