Без победник на дербито во Кавадарци, Е. Пелистер лесно до нова победа!

97

Во рамките на 5.коло во ракометната Суперлига, доцна попладнево се одиграа четири натпревари.

Во Кавадарци се одигра вистинско дерби меѓу Тиквеш и Тинекс Пролет, кое на крај заврши без победник со резултат 24:24. Домашните до средината на вториот дел имаа водство, а гостите постојано атакуваа да го стигнат, и во тоа успеаја кога беше 20:20. Во самиот финиш и двата тима имаа по еден напад за победа, но не реализираа.

Димовски со 8 голови беаше најефикасен пак домашнит, додека кај гостите Андоновски запиша шест голови.

Тимот на Е. Пелистер имаше и повеќе од лесна задача на гостувањето кај Јуниор. Битолчани славеа со 38:25 (18:9) со што ја потврдија добрата форма од стартот на сезоната.

Костески со 10 голови беше најдобар голгетер, Атанасијевиќ стрелаше во седум наврати, додека Танкоски имаше пет голови.

Голден Арт на гостувањето кај Радовиш успеа да победи со 23:22, во еден и повеќе од драматичен меч. Гостите од Скопје имаше во текот на целиот меч водство, но на крај мораше со гол во самиот финиш да дојде до бодовите. Малку недостигаше гостите да направат од готово вересија.

Екипата на Бутел успеа да го победи тимот на Куманово со 31:28. и да дојде до својата трета победа во низа. Со што покажа дека е во добра форма. Кумановци колку и да се обидуваа да сторат нешто повеќе, сепак кога требаше Бутел знаеше да одгра како што треба и без поголем проблем да го реши победникот во своја корист.

ПретходноБарселона подготвена да го продаде Гризман во Атлетико (М) за 40 милиони евра
СледноМурињо го тресна „својот“ Интер и тоа на „Меаца“ (видео)