Возачот на VR46 тимот Марко Бечеки ја освои пол-позицијата пред неделната трка за Големата награда на Тајланд во МОТО ГП шампионатот.
За Бечеки ова е прва пол-позиција во кариерата, а оваа сезона стана рекорден десетти возач кој ќе тргне од првата стартна позиција.
Бечеки, по одличните квалификации го постави најбрзиот круг за 1:29.671 и со тоа постави нов рекорд на патеката по 2019 година, кога Фабио Квартараро го имаше најбрзото време во Тајланд.
Хорхе Мартин утре ќе стартува од втората позиција, а дуото што се бори за титулата ќе тргне од третата и четвртата позиција. Трет е Франческо Бањаја, а четврти лидерот во генералниот пласман Фабио Квартараро.