ВМФЛ: Пелистер и се “остри“ на Воска, Гостивар и Вардар пред нови победи!

339

 

Денеска од 15 часот со мечевите од 6.коло продолжува ВМФЛ. И вторологашите имаа двонеделна пауза која добро им дојде, малку да здивнат по одиграните пет кола.

Дербито денеска се игра во Битола, каде на стадионот “Петар Милошевски“, Пелистер го дочекува лидерот на табелата, тимот на Воска Спорт. Ова е многу значаен меч за битолчани, имено ако сакаат и натаму да атакуваат на првите места на табелата, овој меч мора да се добие. А и време е некој на тимот на Воска Спорт да му нанесе пораз.

Гостивар гостува во Виница, каде против домашната Слога не би требало да има проблеми да слави нова победа, исто како и Вардар против Пехчево Скопје.

Тимот на Арсими на свој терен во Чегране го дочекува очајниот Борец, нема дилеми дека составот на Бујар Ислами е апсолутен фаворит на овој натпревар.

Тетекс под Шара ја дочекува Каменица Саса, Беласица игра дома со Беса и ќе има тешка задача, но бодовите за струмичани се врвен приоритет.

Натпреврите Кожуф – Караорман и Охрид –Детонит Плачковица се одложени, тие ќе се играат на 12 октомври.

ДВОЈКИ ЗА 6.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Пелистер – Воска Спорт

Слога (В) – Гостивар

Беласица – Беса

Тетекс – Каменица Саса

Вардар – Пехчево Скопје

Арсими – Борец

12.10.2022 – 14 ч

Кожуф – Караорман

Охрид – Детонит Плачковица

ТАБЕЛА

Воска Спорт 13, Вардар 13, Гостивар 11, Детонит Плачковица 10, Пелистер 10, Беса 8, Кожуф 7, Тетекс 7, Слога (В) 6, Арсими 6, Беласица 5, Караорман 4, Охрид 4, Пехчево Скопје 3, Каменица Саса 2, Борец 0.

ПретходноРакометарките по реванш против Норвешка!
СледноВардар 1961 по перфекција во Охрид, дерби во Кавадарци!