Габриел Жесус: Заминав од Манчестер Сити поради Гвардиола

213

Напаѓачот на Арсенал Габриел Жесус ја објави причината за заминувањето од Манчестер Сити. Репрезентативецот на Бразил се пресели од Етихад на Емирати во текот на летото за 45 милиони фунти и тоа беше еден од топ трансферите изминатото лето. Тој откри дека одлучил дека е време да го напушти Сити бидејќи не се вклопува во планот за игра на менаџерот Пеп Гвардиола.

„Гвардиола има своја визија за фудбалот и што сака на теренот. Од вас зависи дали ќе го прифатите или не. Ако не се согласувате, тие велат „благодарам“ и ве испраќаат да барате друг предизвик. Долго време трпев се обидував да се вклопам, но во еден момент си реков: „Дали навистина го сакам ова за себе?“, различни играчи, различни стилови на игра“, откри Хесус за „ESPN Brazil“ па додаде.

„Долго разговарав со Артета за начинот на игра на Арсенал. Тој ме знае мене, го знам и јас него, брзо разбрав што сака од мене. Сега сум послободен на теренот, играм со насмевка и се трудам секогаш да дадам се од себе“, искрено призна напаѓачот.

ПретходноБечеки за првпат во кариерата тргнува од пол-позиција во МОТО ГП
СледноЧелзи и натаму во потрагата по нов спортски директор