Големо засилување за НБА финалистот!

205

Шесткратниот учесник на НБА Ол-стар натпреварот и неодамнешен кошаркар на Бруклин Нетс, Блејк Грифин, кариерата ќе ја продолжи во Бостон Селтикс, пишуваат медиумите во САД.

Грифин кој има 33 години, кариерата во НБА лигата ја започна во дресот на Лос Анџелес Клиперс кои го избраа за прв пик на драфтот во 2009 година.

Следните девет години одличниот кошаркар остана во Калифорнија каде ги одигра најдобрите натпревари во кариерата стекнувајќи име во НБА.

После тоа се пресели во Детроит Пистонс, а минатата сезона играше во Бруклин Нетс.

Искусниот Грифин минатата сезона не се прослави во Бруклин, одигра 56 натпревари со просек од само 6,4 поени по натпревар.

Бостон минатата година играше во финалето на плејофот каде беше поразен од Голден Стејт Вориорс.

ПретходноМЗТ Скопје без бело знаме против првакот на АБА-лига!
СледноПотег за аплауз на Лучијано Спалети (ВИДЕО)