Две сребра и една бронза за каратистите на Светскиот куп во Турција

49

Македонската машка карате репрезентација денеска на Светскиот куп во боречки спортови, кој се одржува во Самсун, Турција, успеа да го освои сребрениот медал. Тимот загуби од репрезентацијата на Јордан во финалната борба со резултат 1-3 и мораше да се задоволи со сребрениот медал и титулата Универзитетски вицешампиони.

Нашиот универзитетски тим го сочинуваа Петар Спасеновски, Давид Петков, Димитар Илиевски, Глигор Петков и Петар Заборски.

Нашиот тим во женска конкуренција исто така настапи во финалето и загуби со резултат 0-2 од репрезентацијата на Хрватска. На ова првенство освоени се вкупно 2 сребрени медали во екипните настапи во дисциплината борби во најтешката дисциплина екипно борби за мажи и жени, и еден бронзен медал во поединечна конкуренција борби кој го освои Давид Петков во категоријата -67 кг.

Претходно„Топчиите“ грмеа во северен Лондон: И Тотенхем на колена пред момците на Артета (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Нема 9 од 9 за Струга ТЛ, “лавовите“ се спасија од пораз и со играч помалку! (ВИДЕО)