Голема сензација попладнево во Бундеслигата, во меч од 8.коло. Келн на свој терен успеа со 3:2 да ја победи Борусија Дортмунд. Стрелци на головите за победникот беа Каинц, Тигес и Љубичиќ, додека за гостите погодија Бранд и Шмиц кој си даде автогол за конечни 3:2.
На останатите мечеви Лајпциг успеа со 4:0 да го победи Бохум. Вернер и Нкунку стрелаа по двапати, овој вториот промаши и пенал.
Франкфурт со 2:0 го победи Унион Берлин, додека Фрајбург со 2:1 славеше со Мајнц. Волфсбург пак со 3:2 триумфираше против Штутгарт.