Кошаркарите на МЗТ Скопје со пораз од Црвена Звезда од 87:67 ја почнаа новата сезона во АБА лигата. „Штрковите“ немаа сили против шампионот на јадранското натпреварување во салата „Александар Николиќ“. Уште на полувремето се наѕираше победникот затоа што Звезда водеше со 39:22.
Во вториот дел „црвено-црните“ само рутински ја одработија задачата. Во третиот период имаа дури 27 поени предност. МЗТ успеа само да го ублажи поразот.
Кај МЗТ најефикасен беше Војдан Стојановски со 17 поени, Миќовиќ се истакна со 15 поени, а Крстевски со 14.