Милан извлече три бода против Емполи со два гола во судиското продолжение! (видео)

162

Италијанскиот шампион Милан за малку ќе останеше без два бода на гостувањето кај Емполи во италијанското првенство. „Росонерите“ во 92 минута примија гол за 1:1, но потоа успеаја да дадат два и да победат со 3:1.

„Росонерите“ поведоа со голот на Ребиќ во 79 минута и го чуваа водството се до 92 минута кога Бајрами успеа да изедначи. Се чинеше дека мечот ќе заврши нерешено, но во наредната акција „Росонерите“ ја затресоа мрежата на домаќините. Бало-Туре погоди во 94 минута, а во 90+7 минута Рафаел Леао ја запечати победата на шампионот.

Милан има скор од пет победи, две ремија и еден пораз и моментално е на третото место на табелата, а колото се уште не е комплетирано. Емполи е на 14 место.

 

ПретходноУапсен навивачот кој го удри фудбалерот Бошко Ступиќ
СледноМеси и Мбапе му донесоа победа на ПСЖ против Ница (видео)