И трета победа во серија за Работнички на гостувањата во Штип. Одличен меч одиграа момците од Градски парк и успеаја да слават триумф со 1:3 над домашниот состав на Брегалница.
Уф, какво деби на новиот стратег на Работнички Милан Илиевски кој тргна со победа и тоа против својот некогаше учител Илчо Ѓорѓиоски.
Работнички дојде во водство со голот на Крсте Велкоски од пенал во 26.минута.
Интересно, Алтипармаковски при 0:1 не успеа да погоди од белата точка за домашните, но затоа Ѓокиќ израмни на 1:1 во 63.минута. Но тоа беше тоа од Брегалница, за да во 76.минута преку Рушевиќ и во 89.минута пак на Велкоски, Работнички победи со 1:3.