Наполи продолжува победнички, го „реши“ Торино во едно полувреме (ВИДЕО)

61

Победничката низа на Наполи продолжи и денеска во мечот од 8. коло во Серија А. На домашен терен момците на Спалети го „преслушаа“ Торино совладувајќи го со 3:1.

Одлуката за победникот падна уште во периодот од 37 минути во првото полувреме, кога Наполи направи убедлива предност од 3:0. Двапати стрелаше Ангиса, а еднаш и Кваратскелија за предност која значеше и победа.

Гостите до полувремето успеаја да погодат за 3:1, но во второто полувреме останаа без реализација. Елмас почна од клупата и доби шанса во последните 10 минути.

Наполи е лидер во Серија А со 6 победи и две ремија во досегашните 8 кола.

Standings provided by SofaScore

ПретходноМилан Илиевски тргна со победа, Работнички ја „преслуша“ Брегалница среде Штип!
СледноВМФЛ: Пелистер испушти победа во 92.минута, Гостивар и Вардар победија, Арсими броеше до ДЕВЕТ!