Се чини дека ова го има само во Македонија. Попладнево во Тетово во меч од 6.коло во ВМФЛ меѓу Тетекс и Саса, домашен фан во еден момент влета во теренот и со тупаница го удри гостинскиот играч Бошко Ступиќ. Навистина неверојатно.
Ова се случуваше во финишот при водство на гостите од 0:2. После тој исти фан беше бркан од страна на припадниците на МВР, но бадијала, штетата веќе беше направена.
Ова се случува поради фактот дека на ова игралиште, каде што игра Тетекс, може секој да влезе без проблем.