Македонската женска ракометна репрезентација денеска (16 часот) ќе го одигра вториот натпревар против Норвешка во рамките на ЕХФ-неделата. Дуелот се игра во СЦ „Борис Трајковски“, влезот ќе биде слободен.
Првата средба беше од затворен карактер, заврши во корист на противникот, кој славеше со минимални 27-26 и покрај тоа што нашите девојки на полувремето имаа позитива од три гола 17-14.
Овие две пријателски средби се во рамките на подготовките за она што следува во ноември, а тоа е настапот на Европското првенство, на кое Македонија ќе биде еден од трите домаќини.
По долго време во нашата земја се враќа врвниот европски ракомет, па сите оние кои ќе сакаат да ги бодрат репрезентативките уште од сега ќе можат да набават билети. Македонија е во групата со Франција, Романија и Холандија.