Реал Мадрид следното лето би можел дополнително да ја засили одбраната со доведување на Жоао Кансело од Манчестер Сити, пренесуваат шпанските медиуми.
Португалскиот фудбалер со текот на времето стана еден од клучните играчи во тимот на Пеп Гвардиола, но и во неговата репрезентација.
Кансело може да игра на повеќе позиции во одбраната, што е во интерес на Карло Анчелоти и покрај тоа што Кансело има договор со „Граѓаните“ до 2027 година.
Кансело е на радарот на Мадрид уште од времето кога настапуваше за Валенсија, а како што пренесува АС, „кралскиот клуб“ би можел да го тестира теренот со понуда од околу 60.000.000 евра.
Сепак, во моментов овој трансфер не изгледа толку реален со оглед на тоа што Гвардиола нема така лесно да се откаже од услугите на еден од своите најдобри играчи во тимот.