Убава игра, три постигнати голови и триумф среде Штип. Работнички успеа да слави со 1:3 на гостувањето кај Брегалница. Новиот тренерски тандем Илиевски – Илијоски перфектно ја започна својата одисеја на клупата на Работнички.
И кога е така, тогаш секако дека следуваше победнички селфи од Штип на тимот од Градски парк.
Додека Брегалница тоне ли тоне, никако да се остварат најавите за „европска Брегалница“.
Нов пораз за четата на стратегот Илчо Ѓорѓиоски.