Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Окампос, привлече големо внимание на себе по неговата последна изјава, според која трансферите на Нејмар и Мбапе во францускиот клуб биле грешка.
Тој смета дека ПСЖ не требало во толку краток период да вложи во двајца вредни фудбалери кои играат на иста позиција.
Изјавата доаѓа во време кога Мбапе и Нејмар не се во најдобри односи.
„Во последните години се правеа грешки, бидејќи на иста позиција се ангажирани неколку фудбалери. Трансфер политиката не е најдобра, бидејќи на една позиција има неколку фудбалери, додека другите позиции не се покриени најдобро“, изјави Луис Окампос.
Во 2017 година, Нејмар се пресели во ПСЖ од ФК Барселона за 222 милиони евра, што сè уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Килијан Мбапе дојде во ПСЖ од Монако, првично на позајмица, во 2017 година за сума од 180 милиони евра.
Иако ПСЖ под водство на овие фудбалери со додавањето на Лионел Меси игра многу добро, двоецот Мбапе-Нејмар воопшто не може да се толерира.