Со голот на Роберт Левандовски во 20 минута, екипата на Барселона успеа да ги запише бодовите на гостувањето кај Мајорка во 7. коло на Ла Лига. Полскиот напаѓач успеа да се ослободи од својот чувар и маестрално да го погоди небранетиот дел од голот на гостинскиот голман.
Тој погодок на крајот се покажа како победнички. А голманот на Барса, Марк Андре тер Штеген постави личен рекорд од 534 минути без примен гол.
Барселона е лидер на табелата со шест победи и едно реми и има само еден примен гол оној од Исак против Сосиедад.
¡Robert Lewandowski es sinónimo de gol!
El polaco pone el 1-0 de Barcelona frente a Mallorca pic.twitter.com/wY7Z4zEDWG
— En el VAR (@EnElVar) October 1, 2022