Неверојатниот тим на Микаел Артета по репрезентативната пауза повторно им се враќа на победите во Премиерлигата и тоа денеска со една исклучително важна победа на дербито во северен Лондон против лутиот ривал Тотенхем со 3:1.
Ова е седма сезонска победа за „топчиите“ кои остануваат лидери на табелата со само еден пораз, оној од минатото коло против Манчестер Ј. Денеска момците на артета почнаа силно и успеаја преку Парти уште во 20. минута да поведат со 1:0.
Десет минути подоцна гостите возвратија со погодокот на Хари Кејн од белата точка.
По само 4 минути во второто полувреме, Габриел Жезус го врати Арсенал во предност од 2:1, по што следуваше исклучувањето на Емерсон кај гостите и третиот гол на Гранит Џака во 67. минута кој практично го реши победникот.