Вердер го растури Менхенгладбах, Филкруг изби на чело на листата на стрелци (видео)

127

Екипата на Вердер со 5:1 го совлада Борусија Менхенгладбах во 8.коло на Бундес лигата. Тоа е фантастична победа на Вердер и скок на осмото место на табелата со 12 бодови и трета победа сезонава.

Во првото полувреме „музикантите“  водеа со 4:0. Никлас Филкруг постигна два гола и изби на чело на листата на стрелци во Бундес лигата со 7 голови. Другите два гола беа дело на Дукш и автогол на Бенсебаини.

Во второто полувреме Маркус Турам со гол во 63 минута го намали резултатот, но конечните 5:1 ги постави Маркус Вајзер во 73 минута.

Тоа воедно е и прва победа на Вердер над Менхенгладбах во најсилното германско првенство по октомври 2012 година.

ДВАТА ГОЛА НА ФУЛКРУГ

ПретходноМурињо го тресна „својот“ Интер и тоа на „Меаца“ (видео)
СледноВест Хем до прва домашна победа, совладан е Вулверхемптон (видео)