Вложил 800.000 фунти за да ја подобри формата

587

Дефанзивецот на Тотенхем, Емерсон Ројал, инаку бразилски интернационалец е истински пример за тоа како супер трансферот во Премиер лигата не само што не ти гарантира успех, туку дека токму од тој момент стартува уште поголемо докажување. Доведен како супер засилување од 30 милиони фунти, Ројал не само што не ги оправда очекувањата туку е сметан за промашување.

За да не биде тоа така, Бразилецот во последниот период вложил во себе 800.000 фунти за да ја подобри својата форма од повеќе аспекти. Најпрвин купил најсовремена опрема за сопствени потреби, а потоа ангажирал, психолози и невропсихијатри за да поработи на својот психички момент. Конечно, ангажирал посебни скаути да ја следат играта на Ашраф Хакими, во моментов членот на Интер кој според него треба да е пример како се игра позицијата десен бек.

„Импресиониран сум од неговата работна етика и напредок. Многу е подобар од минатата сезонам и се надевам дека ќе продолжи во тој правец“ – изјави тренерот на Тотенхем, Антонио Конте.

 

 

ПретходноИзјава на спортскиот директор на ПСЖ која може да создаде дополнителен раздор меѓу Мбапе и Нејмар!
СледноРеал подготвува напад – 60.000.000 евра за дефанзивецот на Сити!