Нашата женска репрезентација попладнево во СЦ “Борис Трајковски“ во Скопје одигра уште еден контролен натпревар против Б селекцијата на Норвешка. И одново беше поразена, овојпат со 27:37.
Треба да се каже дека во првиот дел избраничките на селекторот Љубомир Савевски добро се држеа против силниот на гостинките од Норвешка. Одиграа навистина неколку добри акции, имаа и водство.
Сепак како што одминуваше времето Норвежанките го искажаа својот квалитет и ја зголемуваа разликата во своја корист.
Инаку ова беше одличен тест за силите на нашата репрезентација во пресрет на ЕП на кое домаќин ќе биде и Македонија.