МЗТ Скопје тргна со пораз во АБА, Црвена Звезда е преголем „залак“

141

Кошаркарите на  МЗТ Скопје со пораз од Црвена Звезда од 87:67 ја почнаа новата сезона во АБА лигата. „Штрковите“ немаа сили против шампионот на јадранското натпреварување во салата „Александар Николиќ“. Уште на полувремето се наѕираше победникот затоа што Звезда водеше со 39:22.

Во вториот дел „црвено-црните“ само рутински ја одработија задачата. Во третиот период имаа дури 27 поени предност. МЗТ успеа само да го ублажи поразот.

Кај МЗТ најефикасен беше Војдан Стојановски со 17 поени, Миќовиќ се истакна со 15 поени, а Крстевски со 14.

ПретходноФ4 од Евролигата во следните три сезони ќе се одржува во Дубаи?
СледноУапсен навивачот кој го удри фудбалерот Бошко Ступиќ